Од 28 јуни до 9 јули онлајн ќе се одржи “Европска летна школа за дроги 2021” организирана од Универзитетскиот институт во Лисабон (ISCTE-IUL) во соработка со ЕМЦДДА
Курсот подготвува професионалци и студенти да одговорат на сложените политики и практики во областа со дрогите. Вклучувајќи научни експерти од ЕМЦДДА, универзитетски професори и креатори на политики, тие обезбедуваат мултидисциплинарен и инклузивен пристап кон проучување на проблемот со дрогите во Европа и пошироко.
Двонеделниот курс ќе се фокусира на ранливи групи. Сесиите ќе вклучуваат предавања за спречување на проблеми поврзани со дроги, социјални детерминанти на употреба на дрога и интервенции за ранливите групи (бездомници, затвореници, мигранти). Ќе бидат организирани виртуелни студиски посети на една од португалските комисии за разубедување, како и на локалниот центар за намалување на штети. За време на курсот, студентите ќе учествуваат во интерактивни работилници за да разговараат за сопствените проекти и ставови. Курсот ќе заврши со отворена дебата со гости говорници, проследена со испит за оние кои сакаат да добијат кредити.
Исто така, овој пат, проектот EMCDDA-IPA7 ќе обезбеди ограничени стипендии за апликанти од земјите од Западен Балкан.
Заинтересираните кандидати треба да се регистрираат пред 7 јуни, директно на веб-страницата ISCTE-IUL со користење на синото копче „Регистрирај се сега“. Успешните кандидати ќе бидат информирани за нивното прифаќање на студенти во текот на неделата од 14-18 јуни 2021 година.
За повеќе информации и регистрирање на овој ЛИНК.