ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја публикуваше “Евалуација на Националната стратегија за дроги 2021–2025 година и Акцискиот план за дроги 2021–2023 година на Република Северна Македонија”.
Целта на оваа евалуација беше:
- Да ја измери релевантноста на целите на Стратегијата за дроги 2021- 2025 и Акцискиот план за дроги 2021-2023 во однос на состојбата со проблемот со дроги во Северна Македонија;
- Да го измери влијанието на Стратегијата за дроги 2021 − 2025 и на Акцискиот план за дроги 2021 − 2023 во однос на националниот одговор на проблемот со дроги;
- Да го утврди степенот на имплементација на мерките од Акцискиот план за дроги 2021-2023,
- Да ги детектира пречките и бариерите кои се појавиле во имплементацијата на акциските планови, но и да ги утврди системите или ресурсите на поддршка во имплементацијата на мерките од акциските планови;
- Да дефинира насоки и приоритети кои треба да бидат запазени во креирање на новиот Акциски план за дроги 2024-2025.
Оваа евалуација беше спроведена и публикувана во рамките на проектот “Подобрување на Националната политика за дроги во Република Северна Македонија” кој го спороведува ХОПС со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан − Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој е имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество ( Centar za promociju civilnog društva − CPCD), од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и од Институтот за демократија и медијација (ИДМ), финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Евалуацијата можете да ја прочитате ТУКА.
