Од 6 до 7 јуни во Лисабон се одржа експертски состанок за проблематична употреба на дроги во организација на ЕМЦДДА – Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги. Македонија ја претставуваше Влатко Деков од ХОПС кој воедно беше и единствен поканет експерт кој работи во здружение на граѓани.
Ова е годишен состанок на кој присуствуваат националните експерти од земјите членки на ЕУ и земјите кандидатки за членство во ЕУ. Целта на состанокот беше да се презентираат најновите информации, знаења и истражувања поврзано со проблематината употреба на дроги во Европа. Оваа година, посебно внимание се посвети на методолошки развој на индикаторот т.е врската помеѓу истражувања за употребата на дроги и политиките за дроги.
Теми на кои се говореше:
- Последните трендови и анализи врз основа на најновите национални истражувања, особено во земјите со доследна и долгорочна серијата анкети.
- Ревизија на Европскиот модул: Прашалник за дроги и медицински лекови.
- Насочени истражувања (веб истражувања).
- Специфичен фокус на употребата на дрога во затворите.
- Врските кои постојат помеѓу преваленцата на податоци и други показатели, со фокус на тоа како податоците за употреба на дрога може да помогнат во формулирање и евалуација на политиките за дроги.
- Следење на трендови во врска со канабисот.