Општи информации
ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го спроведува проектот: Унапредување на медиумската писменост за родово засновано насилство, поддржан од канцеларијата на UN Women во Скопје. Главната цел на проектот е да придонесе во обезбедување на релевантни знаења за темите поврзани со насилството врз жените и родово заснованото насилство кај новинарите, известувачите, уредниците итн.(медиумски професионалци), и да се влијае на значењето на превенција и намалување на родово засновано насилство преку зајакнување на капацитетие кај професионалците од областа на медиумите за соодветно прикажување на овие теми во медиумите.
Позиција: Експерт/ка за изработка на Модул за обука на новинари и медиумски работници во областа на техники за известување поврзани со родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња
Одговорности и задачи:
Експертот/та за подготовка на Модулот ќе ги има следните задачи:
*Напомена: Експертот/та ќе добие Анализа на потреби за обуки односно процена на знаењата кај новинарите и медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, која ќе послужи за подготовка на следните задачи:
- Осмислување на концептот и содржината на Модулот
- Утврдување на едукативните цели
- Утврдување на содржината
- Предлог на тип на тренинг кој ќе биде соодветен за пренесувањето на знаењата од Модулот
- Предлог соодветен метод на обучување
- Подготовка на предлог материјали за учење
- Подготовка на евалуација на знаењето (начини и форма)
- Развој на содржината на Модулот
- Пишување на стручната содржина на Модулот
- Експертот/ка се ангажира во периодот 21.12.2020 – 05.02.2021;
- Консултира и прегледува релевантни документи поврзани со насилството врз жени и девојчиња, родово сензитивното известување, нова и релевантна легислатива во заштитата од насилство врз жените и родово базираното насилство, насилство врз маргинализирани групи, превенција од родово засновано насилство;
- Тесно соработува со други домашни експерти и консултанти од областа;
- Соработува со координаторот на проект и проектниот тим;
- Испорачува драфт верзија (најдоцна до 01.2021) година и финална верзија на Модулот (најдоцна до 05.02.2021), со добар квалитет и на време.
Спроведување на активностите
За изработка на тренинг модулот предвиден е надоместок во бруто износ од 56.000 денари во бруто износ за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се врши во две рати, од кои првата по изборот на експерток/та, а втората по завршувањето на финалната верзија на модулот. Сите останати трошоци поврзани со спроведувањето на оваа активност (како на пример патни трошоци или слично) се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачот експерт/ка.
Начин на пријавување и избор
Образование:
- Напредно универзитетско или магистерски степен/докторски во општествени науки
Професионално искуство:
- Минимум 7 години релевантно професионално искуство во својата област;
- Минимум 3 години во подготовка на релевантни документи, пишување политики и материјали за обука;
- Минимум 3 години во вршење обуки и едукации.
За пријавување кандидадот/ка треба да достави професионална биографија со наведени референци.
Краен рок за доставување на апликациите е 17.12.2020 година до 17.00 часот.
Апликациите треба да се достават на следните адреси: hops@hops.org.mk и elena.coalition@gmail.com. За сите потребни информации ХОПС ви стои на располагање на претходно наведените адреси како и на телефонските броеви: +389 (0)2 3 246 205/ +389 (0)2 3 246 210
Скопје, 11.12.2020