ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го развива своето социјално претпријатие во рамките на работилниците за креативно изразување со цел поттикнување на креативниот потенцијал на корисниците на дрога во процесот на рехабилитација.
ХОПС има уникатен производ, „Интерактивен ѕид”, кој е направен од рециклирани материјали кои го продолжуваат животниот век на отпадот, како и од зелени растенија кои го прочистуваат воздухот.
Со изработка и продажба на овој уникатен производ, социјалното претпријатие врши социјална инклузијa и работна интеграција на маргинализирани лица кои директно учествуваат во изработка на производите. Ангажираните луѓе во социјалното претпријатие, преку оваа активност ги возобновуваат работните навики, стекнуваат нови работни знаења и вештини и развиваат професионално портфолио, со што стануваат поконкурентни на пазарот на трудот, како и унапредување на нивната финансиска независност.
ХОПС од 1997 година успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во земјава. Истоименото социјално претпријатие функционира од 2019 година.