Кабинетот на Египет го одобрил нацрт-законот со кој би се осудувале на смртна казна дилерите на дрога, објавил Ал-Масри Ал-Им.
Законот, кој бил претставен на владата, бил дел од поширокиот предлог-закони за борба против ширењето на наркотиците во земјата и трговијата со дрога.
Во нацрт-амандманот било наведено дека секој кој “ќе донесе или извезувал синтетички супстанции со анестетски ефект кој што е штетен за умот, телото или психолошката и невролошката состојба кај човекот, ќе се казни со смрт”, додавајќи дека оние кои поседуваат дрога заради продажба би можело да се соочат со казна доживотен затвор и максимална парична казна од 28.000 долари.
Исто така била предвидена и една парична казна од 11.300 долари за оние кои биле фатени поседувајќи дрога за индивидуална употреба, како и затворска казна од најмалку една година.
Овој потег доаѓа една недела откако британската туристка Лаура Пламер била ослободена од египетскиот затвор со претседателско помилување откако била осудена за шверц со дрога. Осудена на три години, во октомври 2017 година, во нејзиниот багаж пренела 290 трамадоли против болки, наводно за нејзиниот партнер кој страдал од хронична болка по сообраќајна несреќа.
Зависноста од дрога останува сериозен проблем во Египет, кој се проценува дека е двојно глобален, со околу десет проценти од земјата, над девет милиони луѓе, користејќи наркотици.
Трамадол е најпопуларна дрога меѓу корисниците, проследено со канабис и хероин. Употребата на Трамадол, значително се зголемила од 2010 година, при што многумина го припишуваат порастот на тешката економска ситуација со која се соочува земјата и чувството на безнадежност кај младите.
Дрогата во Египет влегувала од Јужна Азија, обично преку море и аеродроми, а потоа се дистрибуирала низ регионот на Северна Африка и во Европа. Трговијата со дрога во Египет исто така е клучна активност на транснационалните мрежи на организиран криминал.
Сепак, статистиката која била објавена минатиот месец од страна на министерот за социјална солидарност, Гада Вали, открила дека 116.500 Египќани биле третирани за зависност од дрога во 2018 година, што претставува зголемување од 12 проценти на бројките од претходната година. Околу 97 проценти од оние кои побарале помош биле мажи.
Вали изјавил дека побарувачката за помош се зголемила, особено по медиумската кампања што започнала во април минатата година, со фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах. Видеото станало вирално на социјалните медиуми во Египет, надминувајќи пет милиони прегледи во првите три дена од неговото пуштање.
Владата, исто така, иницирала иницијатива за намалување на употребата на дрога кај возачите на училишните автобуси откако беше откриено дека сите 56 возачи кои биле пријавени за сомневање за употреба на дрога од страна на родителите во првиот семестар на учебната година, биле позитивни.
Според Амнести, од соборувањето на демократски избран претседател Мохамед Морси во јули 2013 година, египетските граѓански и воени судови изрекле повеќе од 1.400 смртни казни, главно поврзани со инциденти на политичко насилство, по грубо нефер судење, со сведоштва што често биле добиени преку тортура.