Можеме да кажеме дека со текот на времето, како резултат на бројни студии и откритија поврзани со ХИВ/СИДА денес е постигната подобра контрола на оваа болест. Програмите за намалување на штети завземаат важно место во обликувањето на одговорот на епидемијата на ХИВ. Овие програми имаат спасено многу животи затоа е потребно да се нагласи нивната важност во одговорот на ХИВ. Денес EECA се соочува со намалена финансиска поддршка и самото тоа влијае при превенцијата од ХИВ.
ХИВ и интравенската употреба на дроги се тесно поврзани со самиот почеток на епидемијата на ХИВ/СИДА во раните 1980-ти. Во декември 1981 година, неколку месеци по откривањето на новата непозната болест, биле пријавени два случаи на пневмонија Pneumocystis pneumonia (опортунистички инфекции поврзани со ХИВ/СИДА) кај корисници на дрога. По некое време се заклучило дека ХИВ инфекцијата се шири со реупотребена медицинска опрема, при инјектирање на дрога. Неколку години подоцна е откриено дека пренесувањето на инфекцијата преку нестерилини игли е значаен фактор во развојот на епидемијата. Според канцеларијта за дроги и криминал на ОН, денес 12.7 милиони луѓе инјектираат дроги и 13.1% од нив (1.7 милиони) живеат со ХИВ. Овој проблем е голем во Источна и Југоисточна Европа, каде стапката на луѓе кои инјектираат дроги е 4.6 пати поголема од целиот свет.
Преваленцата кај лицата кои употребуваат дроги во регионот EECA е многу висок и многу пати повисока отколку во општата популација. Во просек, 23% од корисниците на дрога и лица кои живеат со ХИВ се од Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ каде бројката е 7,7%. Во Естонија, повеќе од половина од корисниците на дрога се луѓе кои живеат со ХИВ, во Украина – 21,5% (0,8% во општата популација). Во Русија според различни проценки, оваа бројка се движи од 18,4% на 30,7%.
Источна Европа и Централна Азија и понатаму остануваат единствениот регион во светот каде што епидемијата на ХИВ продолжува да расте, и преносот на инфекцијата преку инјектирање на дроги игра важна улога во овој процес.
Сето ова укажува на потребата и важноста на мерките за спречување на пренесување на ХИВ, особено кај луѓето кои користат дроги – како и важноста на програмите за намалување на штети, како клучен пристап кон спроведување на таквите мерки. Агенции на ОН, како што СЗО, УНАИДС и УНОДЦ ги препорачуваат програмите за намалување на штети како соодветен пристап кон превенција и третман на ХИВ меѓу луѓето кои користат дроги.
Концептот за намалување на штети се појавил пред ширењето на ХИВ/СИДА -та. Програмите за размена на игли и шприцеви се појавиле за да им помогне на луѓето кои користат дроги да се префрлат на посигурни практики за да се спречи пренесувањето на ХИВ. Прва таква програма за размена на игли е организирана во Амстердам (Холандија) во 1985 година.
Терминот “намалување на штети” понекогаш се користи да се опишат сите негативни последици од употреба на дрога, меѓутоа во контекст на ХИВ/СИДА овој термин се користи да се дефинира комплекс на мерки за намалување на ризикот од пренесување на ХИВ преку употреба на дрога, особено преку инјектирање на дрогата. Овие мерки вклучуваат размена на игли и шприцеви, опоидна супституциона терапија, тестирање и советување за ХИВ, антиретровирусна терапија, превенција и третман на сексуално преносливи инфекции, туберкулоза и хепатит, едукации за корисниците на дрога и нивните семејства.
Во многу земји програмите за намалување на штети се важен дел од одговорот на ХИВ/СИДА. 2004 година донесената Декларацијата од Даблин на Партнерството за борба против ХИВ/СИДА во Европа и Централна Азија, вели дека квалитетот на супституциска терапија со дрога е важна компонента на одговорот на ХИВ.
Важна компонента за намалување на штети е информирањето на луѓето кои користат дроги за побезбедни практики и начини да се намали ризикот од пренесување на ХИВ. Во контекст на ова е важен дел од овие мерки е “peer to peer” пристап при работата со лица кои употребуваат дроги, комуникација која е воспоставена од страна на теренски работници во средина погодна за клиентите. Моментот е дека е оваа комуникација не е направена од страна на медицински професионалци и социјални институции.
Бројни студии покажуваат дека зголемувањето на пристапот до стерилен прибор за инјектирање придонесува за спречување на ширењето на ХИВ епидемија. Сепак, пристапот до чисти игли и шприцеви сами по себе не е доволен за да ефективно се бори против ширењето на ХИВ. Размената на опрема за инјектирање треба да биде придружена со зголемување на свеста и зголемување на пристапот на корисниците на дрога и подобрен пристап до здравствени и социјални услуги.
Значајна компонента за намалувањето на штети е пристап до опиоидна супституциона терапија (ОСТ). Истражувањата покажуваат дека со ОСТ програми може да се намали ризикот од ХИВ инфекција, поврзани со употребата на дроги. Меѓутоа, во EECA само околу 1% од луѓето кои користат дроги имаат пристап до супституциона терапија.
Неодамнешните студии спроведени од страна на СЗО покажуваат дека итно проширување на антиретровирусна терапија (АРТ) и доброволните тестирање за ХИВ може да го намалат бројот на смртни случаи поврзани со СИДА и нови ХИВ инфекции за 36% -39% до 2025 година.
Главните бариери за антиретровирусна терапија (АРТ) за лицата кои употребуваат дроги се географските непристапности како и недовербата на корисниците на дрога кон персоналот во здравствените установи. Територијалната интеграција и комбинирање на антиретровирусна терапија со супституциона терапија го олеснува значително пристапот на луѓето кои користат дроги до терапиите, а тоа придонесува за нивна мотивација за придржување кон третманот на ХИВ (според истражувањето, воведувањето на ОСТ услуги може да помогне во намалувањето на бројот на нови ХИВ инфекции од 54%).
Извори:
United Nations Office on Drugs and Crime
The Global State of Harm Reduction 2014. Harm Reduction International