Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, на 07 и 08 октомври 2019 година за членовите на Меѓуресорската државна комисја за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги на Република Северна Македонија организираше едукативна работилница за зајакнување на капацити.
Оваа едукативна работилница се организираше во рамки на регионалниот проект „Одржливост на услуги за клучни популации во Источна Европа и Централна Азија“ поддржан од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, од кој активностите во нашата земја ги спроведуваат партнерски три организации: Заедно посилни, ХЕРА и ХОПС.
Целта на оваа работилница беше членовите на Меѓуресорската комисија да ги надоградат своите знаења во врска со програмите за намалување на штети од употреба на дроги, како и да се започне процес за координација за подготовка на новата национална стратегија за дроги, која треба да се изготви до крајот на 2020 година.
Како предавачи на работлницата беа:
- Влатко Деков- Менаџер за застапување и експерт за намалување на штети
- Лидија Савиќ- спец. Фармацевт и Претседателка на Меѓуресорската комисија за дроги
- Хајди Штерјова Симоновиќ- проектна координаторка на пректот
- Д-р Дарко Костовски- спец. Психијатар специјализиран во областа на лекување на зависност од дроги