Право на семејна пензија.
Здравствените институции со години наназад не издаваат отпусни писма со совет и препорака за понатамошно лекување поради ненаплатени трошоци за лекување. Ваквата воспоставена пракса негативно се одразува на луѓето кои употребуваат дроги и истите по завршеното болничко лекување во здравствена установа, поради неможност да ги платат трошоците за лекување, се испуштаат без никаква медицинска документација, вклучувајќи и отпусно писмо со совет и препорака за понатамошно лекување. Со неиздавањето на медицинска документација, особено за време на пандемијата од Ковид-19, на луѓето кои употребуваат дроги им се оневозможува остварувања на други права, како понатамошно лекување, права од социјална заштита, или право на семејна пензија.
Со ваквото постапување од страна на здравствените установи, се врши нееднаков третман и дискриминација кон луѓето кои употребуваат дроги и им се оневозможува остварување на други права.
Државата е должна да обезбеди заштита од дискриминаторски практики согласно позитивните прописи каде забранет е секој облик на дискриминација врз основа на припадност на маргинализирана група и врз имотна состојба.
Видеото е изработено во рамките на проектот “Прекршувања на здравствени права на луѓето кои употребуваат дроги поврзани со бариерите при пристап до третман и други здравствени услуги, вклучувајќи и намалување на штети за време на Ковид-19” кој е финансиски поддржан од Eurasian Harm Reduction Association (EHRA) и Robert Carr Fund for civil society networks (RCF), реализирано од Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. #ЛекувањетоЕПравоНеПривилегија!