Дроги – Политики и практики
Тема на бројот – Простории за безбедна употреба на дроги
С О Д Р Ж И Н А
Воведен збор: Надвор од колосекот
Ваквите простории кои се под стручна супервизија значително ќе ги намалат ризиците од предозирање и овозможуваат соодветен здравствен и социјален третман на корисниците на наркотици. Автор: Јанаки Митровски
На некој начин, тоа воопшто не е комплицирано, разговор со Сара Еванс
Сара Еванс ја запознавме како исклучителна, активистички настроена личност, која шири позитивна енергија и ги вдахновува луѓето во нејзината околина поактивно и попосветено да работат за унапредување на општеството. Сара работи како постар програмски референ во Програмата за јавно здравје на Фондацијата Отворено општество (Open Society Foundation) во Њујорк, САД. Нејзина задача е унапредување на здравјето и на правата на маргинализираните луѓе кои користат дроги во целиот свет. Претходно работела на развој на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Британска Колумбија, Канада. Но, она за што ние сакавме да разговараме е најзиното искуство со востановувањето на првата законски одобрена просторија за безбедно инјектирање дроги во Северна Америка. Разговорот го водевме на 7 февруари 2013 година при нејзината посета на Македонија и го пренесуваме овде со уверување дека е време и кај нас да се отвори темата за простории за безбедна употреба на дроги. Разговорот го водеше: Вања Димитриевски
Примерот на Систер спејс, иако за нас многу далечен, е одличен. Освен тоа што жените се чувствуваат безбедно, ги менуваат своите навики, се чувствуваат прифатено, некои од нив се мотивираат и почнуваат со третмани за зависност од дроги. Авторка: Ирена Јовановска
Лицето кое употребува дрога во истиот објект, освен соба за употреба на дроги, може да добие и услуги од социјален работник, храна, облека, мотивација за третман, вработување итн. Автор: Влатко Деков
Tест за самопроценка на ризикот од употреба на дрога
Со овој нов метод за проценка на ризикот, како и со алатките за советување преку интернет се избегнуваат стигмата и дискриминацијата кои, ќе си дозволам да кажам дека според мене, се главни причини за задоцнето барање помош за употреба на супстанции. Авторка: Лилјана Игњатова
Неопходноста од легализирање на канабисот во Република Mакедонија
...процесот на имплементација на либерални политики по однос на канабисот на светско ниво е започнат. Македонија се наоѓа во релативно добра позиција со самото тоа што законски ни е регулирана употребата на канабисот во медицински и научни цели, останува да најдеме модел кој ќе ни помогне што подобро да се позиционираме на светскиот пазар. Автор: Филип Секулоски
Глобална анкета за дроги – резултати во 2018 година
Глобалната анкета за дроги е самостојно истражувачко друштво од Лондон, Велика Британија, кое се стреми кон тоа употребата на дроги да биде побезбедна, без оглед на тоа каков е законскиот статус на дрогата, со тоа што споделува информации со поединци, со заедници, со здравствени организации и со организации кои се занимаваат со креирање политики. Автор: Вања Димитриевски
Подготвува Ирена Јовановска.