Во петокот на 18.03.2022 година, во рамки на Дневниот центар за поддршка на маргинализирани жени, овозможени се гинеколошки прегледи за сексуалните работнички и жените кои употребуваат дрога со гинеколошка мобилна амбуланта. Оваа активност се спроведува во соработка со МАГО- Македонска асоцијација на гинеколози и опстетичари и UNFPA MK. Вооедно се спроведе и едукативна работилница со сексуалните работници на тема “Техники на психолошка самопомош и правилна употреба на фармакотерапија”, каде едукатор беше нашиот психолог Николина Дојчиновска. Организирано и спроведено е и ХИВ советување и тестирање.
Во рамките на овој ден полн со активности, остврени се 6 гинеколошки прегледи, 7 советувања и тестирања за ХИВ и едукативна работилница на која присуствуваа 5 сексуални работнички.
Тимот од Дневниот центар за поддршка на маргиналзиарни жени ги повикува сексуалните работници и жените кои употребуваат дроги да ја посетат новата локација на центрот на Булевар Крушевска Република бр. 19. Нашата локација може да ја проследите на линкот https://bit.ly/36jAYYM.