Новото истражување за канабидиолот (ЦБД) ги истакна значителните здравствени придобивки, дури и со повремените дози на ЦБД, кај луѓето кои страдаат од тешка форма на епилепсија.
Истражувачите ја испитуваа употребата на ЦБД, комбинирани со редовни епилептични лекови, за лекување на напади кај пациенти со синдром на Lennox–Gastaut. Lennox–Gastaut синдром е тешка форма на епилепсија која првенствено ги зафаќа младите деца и најчесто резултира со напади, при што пациентот одеднаш ќе падне на земја и ќе го изгуби целиот мускулен тонус.
Во студијата, која првично е објавена на 17 мај од страна на New England Journal of Medicine, истражувачите забележале драматични намалувања на фреквенцијата на нападите кај пациентите кои добиле само две дози на ЦБД – во споредба со оние кои примале пласибо. Меѓу оние кои добиваат најголеми дози на ЦБД – 20мг за килограм телесна тежина, нападите се намалиле во просек за 41,9 проценти во текот на 28-дневен период.
Главниот истражувач на студијата, д-р. Орин Девински, изјави за Medical xpress дека резултатите од неговата студија додаваат “ригорозни докази за ефикасноста на канабиолот во намалување на силината на нападите на оваа тешка форма на епилепсија и што е најважно, е прва студија од ваков вид што може да понуди повеќе информации за правилно дозирање “.
Во оваа студија, истражувачите користеле Epidiolex, лек ЦБД произведен од GW Pharmaceuticals, кој стана првиот лек базиран на канабис кој го препорача ФДА минатиот месец.