Го објавуваме дванаесетиот број на списанието Дроги – Политики и практики. Овој број го посветивме на дрогите и сексот.
Употребата на дроги е поврзана со сексот во најразлични контексти низ човековата историја. Постои елемент кој ги поврзува оргијастичните фестивали од грчката антика, ритуалните обреди на приврзаниците на Бахус, празниците на вештерките од средниот век, потиснувањето на слободната сексуалност под дејство на психоактивни супстанции од страна на христијанската црква и екстатичноста на движењето „секс, дроги и рокендрол“ од 70-те. Дрогите несомнено се поврзуваат со намалената сексуална инхибиција и човековиот копнеж по задоволство, страст, желба и подобар сексуален перформанс. Потребата за сексуално ослободување и надминување на проблеми со интимноста се дел од темите за кои западниот свет зборува во контекст на релативно новиот феномен наречен кемсекс (chemsex).
Во овој број ја отвораме темата за секс под влијание на кристален метамфетамин, мефедрон и гамахидроксибутират/гамабутиролактон, или сексуалната револуција на хомосексуалците од 21 век. Иако во македонски контекст ова е проблем кој сѐ уште е на мала врата, сметавме дека има потреба и простор да дискутираме за оваа појава која во одредени кругови сепак претставува точка на интерес за многу геј-лица. Заради превенција на ХИВ и други сексуално преносливи инфекции, како и подобрување на општото психофизичко и сексуално здравје на геј-мажите , во блиска иднина, феноменот кемсекс (chemsex) несомнено ќе треба соодветно да се адресира и да се превенира.
[button link=”https://hops.org.mk/wp-content/uploads/2019/12/DPP-XII-12-05-FINAL-bkp-2_compressed.pdf” size=”medium” color=”default”]ПДФ Издание[/button]
[button link=”https://hops.org.mk/drogi-i-seks/” size=”medium” color=”default”]Онлајн Издание[/button]