Заедно посилни, Дурекс и пријателите на настанот 091RUNCrW, организираат добротворна трка, каде со вашето учество во трката од пет километри, вие донирате за луѓето кои живеат со ХИВ. Трката ќе биде на 29 октомври 2017, недела од 11.00 часот.
Не заборавајте дека можете да трчате сами, со пријатели, комшии, колеги. Само да имате желба да учествувате. Патеката е од кај Жабарот до мостот кај Александар Палас и назад.
Како да се пријавите? Тоа треба да го сторите до 26 октомври прекуFacebook на Durex Makedonija со ваше име и презиме.
Секој учесник плаќа котизација: 300 денари.
Повеќе информации на самиот ИВЕНТ.