Воведен збор
Темата на овој број овозможува дрогите да ги разгледуваме од најразлични аспекти во македонски контекст и низ историска перспектива. Низ текстовите објавени овде се потврдува врската на дрогите со многубројни сегменти од нашите секојдневни животи, на пример од музиката до семејството. Иако може да се констатираат позитивни промени низ времето, сепак останува обврската на македонското општество за посеопфатен пристап кон дрогите што ќе биде помалку оптоварен со стереотипи и стигма. Отворањето на различни дебати кои ќе бидат подостапни за јавноста се неопходен услов за вклучување во современите текови во однос на третманот на дрогите. Токму тоа го посочуваат и авторите од овој број особено кога се работи за актуелните дискусии по прашањето на декриминализација или легализација на канабисот. Се надеваме дека таквиот тренд на отворени дебати активно ќе продолжи во иднина и ќе станат сензибилни соодветните институции за да можеме да зборуваме за уште поконкретни позитивни исчекори за една широка тема како што е „Дрогите во Македонија“.
Од Уредништвото
ПДФ издание ОНЛАЈН издание