Евиденцијата укажува дека казнените мерки самостојно, без оглед колку се тие строги, не ја постигнуваат целта за намалување на употребата на дроги. Уште полошо, во многу случаи оние закони што ја криминализираат употребата доведуваат до негативни последици како што се: стигматизација на корисниците, нарушување на човековите права, отежнат пристап до третман и ресоцијализација итн. Пишува Влатко Деков.
Во 2012 година, Асоцијацијата „Диогенис“ презеде иницијатива за развој на проектот Реформирање на законите за дроги во Југоисточна Европа. Во соработка со организациите-членки на мрежата за политики за дроги во Југоисточна Европа и истражувачите поврзани со истражувачките институции и правните факултети во рамки на универзитетите од земјите во Југоисточна Европа беше спроведено истражување од кое произлезе публикацијата „Политика и закони за дроги во Југоисточна Европа“ (http://www.diogenis.info/ckfinder/userfiles/files/DRUG-POLICY-AND-DRUG-LEGISLATION-IN-SOUTH-EAST-EUROPE-web.pdf). За резултатите од ова истражување пишува Танасис Апостолу.
Колку можеш да ја контролираш употребата на дроги кај себе, твоето здравје и твојот живот? Пополни го тестот и избери го одговорот што најдобро те опишува. Со помош на овој тест откриј дали имаш „кочница“ за дрогите. Среќно!
„Во здружението на ’Наркотикс Анонимус‘ (НА) дојдов после уште една типично зависничка драма од превара, грабеж и насилство во врска со дрога. Во тој очај, не знаеќи што друго да правам или кај да идам, се сетив дека стар познаник ми имаше спомнато за НА и дека им помага на зависници. Одлучив да се јавам и до ден денес го сметам како најважен телефонски повик кој го имам направено. За првпат се јавив негде каде што можев да добијам помош наместо кај дилерот. За првпат слушнав глас кој ми даде надеж, го разбираше јазикот на зависник и ми кажа каде има состанок на НА да отидам.“
“Низ мојата пракса како психотерапевт во Центарот за ресоцијализација и рехабилитација на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, успеав, низ одредени случаи, да потврдам дека деструктивното животно сценарио на луѓето кои користат дроги може да се промени. Единствен предуслов е свесност на личноста дека постои тоа, за тоа кои се неговите содржини и процеси, но и за подрачјата во кои влијае.” – Деспина Стојановска.
Последниве денови, на почетокот на предизборната кампања за претседателски, но и парламентарни избори, бевме сведоци на помпезна полициска акција наречена МРЕЖА која спектакуларно беше најавена и прикажана во медиумите, а чиј исход беа 5 грама марихуана, два џоинта и 300 семки. Пишуваат Ирена Цветковиќ и Анастас Вангели.
Како што известува Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Меѓуресорската комисија за дроги на Република Македонија во март 2014 донесе одлука за забрана на 15 нови супстанции и нивно класифицирање во списокот на опојни дроги и психотропни супстанции. Ова значи дека се забранува нивното производство, поседување , купопродажба и употреба