Во моментов има илјадници луѓе кои се осудени на смртна казна за кривични дела поврзани со дрога во Азија, Блискиот исток и делови од Африка. Меѓународниот систем за контрола на дрогата мора да ја превземе вината, бидејќи промоцијата на строги казни за престапи со дрога ја отворија вратата за ваквите казни. ОН за човекови права и телата за контрола на дрогите, признаваат дека смртната казна го крши меѓународното право.
Додека многу земји ширум светот ја укинуваат смртната казна за сите кривични дела поврзани со дрога, други земји како што се Иран и Саудиска Арабија се повеќе пропишуваат смртна казна и покрај доказите кои покажуваат дека казните не се ефективни во спречувањето на проток на дроги низ териториите.
Многу често оние кои стануваат шверцери и препродавачи на дрога, се луѓе во очајни околности кои биле присилени или излажани за кршење на законот. Понекогаш тие се само тинејџери. Егзекуцијата на оние што се сметаат за „мали риби“ е непропорционална на злосторството. Истражувањето „Дроги и смртна казна“ истражува како законите со кои е извршена казна смртна казна се неразделно поврзани со меѓународната војна против дрогата и дава препораки за владите да ја разгледаат тековната политика и да истражуваат алтернативни и помалку драконски санкции.