Дроги и секс

0

Дроги – Политики и практики

Тема на бројот – Дроги и секс

С О Д Р Ж И Н А

Воведен збор

Новиот порок на геј-мажите ‒ кемсекс (chemsex)

Тема за која западниот свет сѐ повеќе зборува, полемизира, ја согледува и бара и нуди решенија е најновиот феномен меѓу геј-заедницaта и мажите кои имаат секс со мажи (МСМ) е кемсекс (chemsex). Во кратки црти тоа е употребата на три специфични супстанции во сексуален контекст кај геј-заедницата и МСМ. Повеќе за оваа сексуална (р)еволуција која, според некои кредибилитети, е потенцијалната „чума“ за хомосексуалците на зенитот од втората деценија на овој век, за прв пат низ овој текст ќе биде направен осврт на македонски јазик.

Автор: Ненад Мицов

Сексуалниот живот во сенката на модерната технологија и другите геј културни феномени, разговор со Дејвид Стјуарт

Дејвид Стјуарт е државен социјален работник, писател, истражувач и активист за сексуално здравје и за ХИВ. Дејвид е познат по својата меѓународна работа и активизам за кемсекс (chemsex) со придонес во развојот на првите одговори во јавното здравје и заедницата за епидемија која диспропроционално ги засегна животите на геј, бисексуалните и квир мажите во светот. Неговата работа е прикажана во документарецот од 2015 година со наслов „Кемсекс“ (Chemsex) снимен од Вајс ОК (Vice UK), а исто така е еден од основачите на Европскиот форум за кемсекс.

Разговорот го водеше: Стефан Богески

Совети за безбеден кемсекс

Вонземјани – Неовоземната желба на Коџоман и на Бежан

Скандалозниот дел за публиката во перформансите на Коџоман и на Бежан, она што предизвикува параноја кај државните полициски структури, не се единствено слободните, отворени и пркосни претстави и инкорпорирањето на дрогата во јавниот простор. Иако, секако, би биле доволна причина; во тоа не се сомневаме. Но, отаде површната параноја предизвикана од издрогираното тело се крие симптомот на идеализираниот и хомогенизирачки социјален (социјалистички) систем – другото, вонземно, бедно и чудно тело; тело што посакува и што ја напукнува, избива на површината и ѝ се заканува на здравата телесна политика, и ја каталогизира и мобилизира неизбежната можност и желба за бегство, трансформација, и/или да се биде друг и на друго место.

Автори: Славчо Димитров и Биљана Тануровска Ќулавковски

Економските аспекти на легализацијата на канабисот во Република Северна Македонија

Што е најважното кога зборуваме за легализацијата на рекреативната употреба на канабисот? Тоа е фактот дека еден црн пазар (директно невидлив за економијата, индиректно видлив, но со мал обем во нашиот случај) ќе се официјализира и ќе се овозможи истиот да стане дел од националната економија. Тоа значи: нови вработувања, нова економска активност и дополнителен даночен прилив за Владата на РСМ.

Автор: Филип Секулоски

Запознавајќи ја Вера

Колумна

Автор: Феникс

Препорачуваме

Кратки вести

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.