Објавен е петнаесеттиот број на списанието Дроги – Политики и практики.
Овој број го посветивме на „Дроги и полиција“.
Криминализацијата на употребата на дроги која и законски е поддржана во
нашава држава дополнително ги зајакнува веќе постоечките стереотипи за
корисниците на дроги без оглед на која категорија тие припаѓаат. Текстовите во
овој број ја испитуваат врската и односот меѓу дрогата, луѓето кои употребуваат
дроги и Полицијата. Сè уште се ретки позитивни примери за врската меѓу дрогите
и Полицијата, особено кога станува збор за корисниците на дроги, примери што
би ја прикажале Полицијата како сервис на граѓаните наместо како застрашувачка
институција. Поради тоа е неопходна едукација на корисниците на дроги за
нивните права кога ќе дојдат во контакт со Полиција. Истовремено потребен е и
сензибилитет од страна на Полицијата за работа со корисниците на дроги.
Остануваме со надеж дека македонските институции ќе можат да изградат
соодветни капацитети во овој контекст за конечно да може повеќе да зборуваме
за позитивната улога на Полицијата кога се работи за употребата на дроги.