Тиииит! Инк. и оваа година те повикуваат да се пријавиш со својата креативност на отворениот повик за дизајнерско решение за постер за овогодинешното издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Да Ве потсетиме дека Tiiiit! Inc. е неформална организација која годинава, исто како и минатата година, го организираше настанот „Прво па женско“. Лани се славеше жената борец, онаа која бестрашно и неуморно ги освои улиците, хероината што крикна против неправдата, насилството и криминалот и со таа храброст се прочу низ светот. Многу фотографии од жените од Македонија пред барикадите и штитовите, станаа симбол за храброст и слобода, сегде низ светот.
Годинава ударната сила на фестивалот е „Жените ќе го спасат светот!”
Вашиот предлог дизајн може да го споделите на Facebook со хаштаг #ППЖ5 и истиот го очекуваат во А3 формат како PDF фајл пратен на prvopazensko@gmail.com, најдоцна до 1 март. На истиот мејл може да им поставите и прашања.
Победничката/победникот на овој повик ќе работи на дизајнот на промотивните материјали за петтото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО… секако со паричен надомест за сработеното.