Фестивалите за да спречат непотребни смртни случаи треба да дозволат луѓето кои одат на журки да ги тестираат дрогите кои ги конзумираат- кажува Кралското друштво за јавно здравје (RSPH).
Се повикуваат големите музички настани да обезбедат средства за безбедно тестирање. Овој повик доаѓа откако неколку поголеми музички фестивали во Британија, ветиле дека ќе понудат шатори за тестови за дроги прв пат оваа година.
„Недостатокот на информации за тоа што таблетите и правта содржат, придонесува за неодамнешното зголемување на смртни случаи поврзани со употреба на дрога“, велат од RSPH.
Канцеларијата за национална статистика (ONS) покажува дека смртните случаи предизвикани од екстази во Велика Британија се зголемиле за седум пати, од осум смртни случаи во 2010 година на 57 во 2015 година.
Околу осум фестивали во Велика Британија – вклучувајќи Ридс и Лидс, според организаторот Мелвин Бен – се очекува да понудат pop-up лаборатории каде ќе може да ја тестират содржина и јачината на нелегални дроги во 30 минути. Напредокот во технологијата значи тестери за дрога за да се утврди чистота на супстанцијата со точност од 90 до 95 проценти, вели Фиона Mеасхам, шеф на сервисот за тестирање The Loop.
Професорката Меасхам изјави за Индепендент дека на два фестивали минатата година се пронајдени борна киселина, пестициди и маларија таблети кои се продаваат како кокаин и екстази.
„Имаме добра поддршка од полицијата. Ние се пренасочуваме од кривичната правда кон здравјето на луѓето, за да се обидеме да се намали штетата поврзана со дрога, и се надевам дека ќе се намалат хоспитализациите и смртни случаи “.
Според професорот Меасхам, резултатите од пилот проектот одржан за време на Secret Garden Party и Kendal Calling, покажале дека еден од пет корисници (18%) – избрале да ги отфрлат своите дроги откако дознале што содржат. Истражувањето спроведено од страна на RSPH покажува дека 95 % од посетители на фестивалите го поддржуваат предлогот да им се понуди тестови за дрога на фестивали. Една третина (32 %) рекле дека сигурно или веројатно не би ги кознумирале своите дроги ако тестовите укажаат дека составот е различнен од очекуваното, а 45% рекле дека ќе земат помалку од дрогата или дека ќе бидат повнимателни.
Според Европскиот мониторинг центар за дрога и зависности од дрога (ЕМЦДДА), речиси една третина од предозирање со дроги во Европа се регистрирани во Велика Британија.
Извор: http://www.independent.co.uk