Околу 71 милион луѓе биле заразени со хроничен хепатитис Ц ширум светот, а лицата кои што инјектираат дроги се непропорционално погодени. Дваесет и три проценти од луѓето кои се заразиле со хепатит Ц од 1,75 милиони инфекции кои се случувале во целата година, се всушност луѓето кои користеле дроги. Што се однесува до лицата кои што се наоѓале на издржување казна затвор, 1 од 4 биле хепатитис Ц позитивни. Целите на елиминација поставени од страна на СЗО имаат за цел да дијагностицираат 90% и да третираат 80% од сите подобни лица до 2030 година.
На Меѓународната конференција за намалување на штети која што се одржа оваа година на 1ви мај (ХР19), СЗО објави нов краток изештај “Пристап до тестирање и третман на хепатитис Ц за лицата кои што инјектираат дроги и луѓе во затворите – глобална перспектива”. Кратокиот преглед го разгледува глобалниот пејзаж на националните планови за хепатитис и искуства од земјите, покажувајќи некои од придобивките и празнините во снабдувањето со услуги кај лицата кои што инјектираат дроги и кај лицата кои што се наоѓаат во затвор.
Нови наоди
Кратокиот извештај ја нагласува следнава анализа:
*Повеќе земји имале развиено национални планови за хепатитис во февруари 2019 година, но многу од овие планови ги игнорирале потребите на лицата кои што инјектираат дроги и лицата кои што се наоѓаат во затвор.
*Од 81 национални планови и упатства за лекување разгледани до април 2019 година, 51 (63%) вклучиле услуги за лица кои што инјектираат дроги и 37 (46%) го сториле тоа во целосна согласност со СЗО “Глобалната стратегија за здравствениот сектор за вирусен хепатитис, 2016-2021”,
*28 (35%) планови и упатства ги вклучиле услугите за лицата кои што се во затвор, а 23 (28%) го сториле тоа во целосна согласност со СЗО “Глобална стратегија за здравствен сектор за вирусниот хепатитис, 2016-2021”.
*11 (14%) планови и упатства ги определиле рестриктивните барања како апстиненцијална употреба на дрога (најчесто за период од 6 месеци или повеќе) како лицата кои што инјектираат дроги би биле подобни за тестирање и да им се овозможи третман за хепатитис Ц.
*Многу национални планови и насоки, исто така ги специфицирале условите за здравствено осигурување, што претставувало пречка за лицата кои што инјектираат дроги и лицата кои што се во затвор во некои земји.
Приказ на земји
Краток преглед на политиките и искуства од земјите:
*Австралија неодамна ја објавила својата петта национална стратегија (2018-2022) на патот кон елиминација на хепатитис до 2030 година. Земјата користела поедноставен пристап за испорака на услуги, интегрирање на тестирање на хепатитис, третман и намалување на штети за лица кои што инјектираат дроги на децентрализирани локации и ангажирање работници и општи лекари.
Концентрирано спроведување на хепатитис Ц тестирање и третман во неколку затвори било показател дека елиминација е возможна.
*Кина превземала развој на национален план за Хепатитис, кој ги наведува лицата кои што инјектираат дроги како приоритетна популација за тестирање и третман на хепатитис Ц. Давателите на владини и здравствени услуги биле во процес на преговарање за пониски цени за директните антивирусни лекови – резултатите од овие преговори ќе бидат клучни за успехот на стратегијата.
*Индија започнала национален акционен план за борба против вирусниот хепатитис во февруари 2019 година, насочувајќи ги лицата кои што инјектираат дроги како приоритетна популација, со цел да обезбеди 1000000 директни антивирусни лекови годишно во следните 3 години.
*Исламската Република Иран имала 3-годишен национален план за хепатитис кој предлагал интервенции за лица кои што инјектираат дроги и лицата кои што се во затвор. Директните антивирусни лекови можеле да се добијат само за 81 американски долари, но само за лица со здравствено осигурување. Многу од лицата кои што инјектираат дроги и оние кои што се во затвор биле без осигурување и се соочувале со повисока цена од 2200 американски долари.
*Украина развивала стратегија за туберкулоза, ХИВ и вирусен хепатитис. Генеричките директни антивирусни лекови сега биле достапни за помалку од 100 американски долари. Ефикасната соработка со Министерството за правда овозможила хепатитис Ц тестирање за 1 000 лица кои што се во затвор кои живееле со ХИВ во 2018 година. Од овие луѓе, 50 биле третирани содиректните антивирусни лекови, постигнувајќи стапка на завршување од 98%.
*Соединетите Американски Држави, исто така, имале акционен план за вирусниот хепатитис и политики кои се насочени кон лицата кои што инјектираат дроги и оние кои што се во затвор. Но, високите трошоци за антивирусните лекови (помеѓу 15 000 и 94 000 американски долари) биле главна бариера за имплементација.
Чекори за елиминација на ХЦВ кај лицата кои што инјектираат дроги и оние кои што се во затвор
Политиката на СЗО повикала на поголема политичка волја за подобрување на пристапот за тестирање и третман кај овие маргинализирани популации. Цените на лекувањето на хепатитис Ц, исто така, требало дополнително да се намалат. Пристапот до јавните здравствени услуги кај лицата кој што се во затвор било возможно – и можело да помогне во постигнувањето на елиминација на хепатитис Ц во оваа специфична популациона група.
Доближувањето на услугите за тестирање и третман на хепатитис Ц, до лицата кои што инјектираат дроги и лицата кои што се во затвор, како дел од сеопфатен пристап за намалување на штети, било суштински елемент на напорите за елиминација на хепатитис и ги отелотворувало принципите на агендата за универзална здравствена заштита за да се осигура дека никој не бил изоставен.
Лицата кои инјектираат дроги и лицата кои се во затвор и другите клучни и ризични популации во обликувањето на елиминацијата на хепатитис и напорите за универзална здравствена заштита претставуваат критичен чекор. СЗО го поддржа учеството на 7-те клучни популарни научници во консултациите со повеќе засегнати страни, во рамките на подготовките за состанокот на високо ниво за универзална здравствена заштита на Обединетите Нации кој ќе се одржи во септември 2019 година.