Имено, голем предизвик на општествено ниво е да се даде нова шанса, да се даде можост за реинтеграција, да се спознае и цени креативноста на личноста што употребува/ла дроги и таа да се врати назад од маргините на општеството во функционалната заедница. Многумина од нив се соочуваат со проблемот и чувството на бескорисност, граѓанска пасивност и економска немоќ, иако во суштина се работоспособни и креативно хиперактивни.
Со цел да се надмине бариерата и отвори патот за реинтеграција на оваа група на граѓани, ХОПС-Опции за здрав живот ќе организира креативни работилници за луѓето кои употребуваат/ле дроги и се во социјален ризик. Работилниците ќе се одвиваат во Скопје.
Со учество на овие работилници под работен наслов „Реупотреби го умот“, тие ќе ја развиваат свеста за општествен придонес и ќе ја менуваат негативната перцепција на општеството кон луѓето што употребуваат/ле дроги.
ХОПС собира парични донации кои ќе бидат употребени за реализација на работилниците. Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во акцијата и да донираат средства, можат да го направат тоа преку жиро сметката:
Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Сметка број: 270000000137627
Халкбанк АД Скопје
Цел на дознака – Донација за Креативно изразување
Ви благодариме!
Кампањата „Време е за вистинско дело“ се реализира во рамки на проектот “SIGN Up for Sustainability”, имплементиран од SIGN регионалната мрежа на фондации од Западен Балкан, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Балканскиот Фонд за Демократијa.