„Никој не треба да гладува во свет каде што има доволно храна за секого”. – Марк Голдринг
Како организација која работи 25 години, контактираме со повеќе од 1000 луѓе и семејства кои живеат во социјален ризик, на маргините на општеството. Во последниот период, сведоци сме дека се’ поголем број на луѓе во нашата заедница, па и пошироко, се приморани да направат избор дали да ги подмират основните трошоци за живот или да купат храна за себе и за своето семејство, особено лицата кои живеат на работ на сиромаштија.
Поради тоа се случува овие лица и неколку дена да останат гладни, со што им се нарушува основното човеково право – правото на храна!
Поттикнати од емпатичноста и хуманоста на нашиот народ, ве повикуваме да помогнете во остварување на нашата цел, а тоа е да им обезбедиме на најранливите оброк кој ќе го стават на својата трпеза, и барем малку ќе го поткрепиме нивното достоинство.
- Ве поттикнуваме да донирате на неколку начини:
- Онлајн, на платформата на е-crowd со донирање на одредена сума.
- Лично да купите прехрамбени прозводи (не лесно расиплива храна) и да ја доставите до Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС ( Коста Кирков бр 16 – Центар, Скопје тел: 02 520 2071)
Доколку не сте во можност да донирате преку горе наведенте начини може да не исконтактирате на 077/ 791 – 337 и ние лично ќе ја подигнеме донацијата.
Заедно да се погрижиме овие луѓе да не останат гладни во овие тешки времиња. Вашата поддршка и помош е значајна и клучна, за да донесеме промени во животите на оние на кои им е најпотребно.
Овие средства ќе ги обезбедат потребните прехрамбени продукти кои ќе се искористат за подготовка на топли оброци во центрите
За сите вас што сакате да донирате следете го линкот до ECrowd.mk: https://bit.ly/3DMdARb