70% од младите експериментираат со дроги, а не се свесни како да се заштитат во ризични ситуации.
Неуморно работиме за да го подобриме статусот на младите. Нашиот фокус е подигнување на свеста за менталното здравје, намалување на штетите од употребата на дроги и обезбедување на безбедно забавување за младите. 

На младите им се наоѓаме кога е клучно, нѐ препознаваат и овие програми не смејат да сопрат. Затоа ВЕ бараме за поддршка.


Донаторската влезница чини 250 денари, а на настанот ќе може да се донира на различни забавни начини.
Ова е можност да ги поддржиш нашите едукативни активности, за да продолжиме да опфатиме повеќе млади.
Потврди го твоето присуство на sanjam@hops.org.mk.
Понесете ja вашата најкреативна маска и придружите ни сѐ на оваа вечер за да ни помогнете да направиме разлика во животите на младите.
Поканете соработници и пријатели што цените дека би не поддржиле и би донирале.
Забавата е дел од националната кампања „Денови за донирање“ на Konekt со која се слави радоста на донирањето. 
