ХОПС, преку проектот за “Заштита на социо-економските и работничките права” поддржан од Фондација Отворено општество Македонија, овозможува заштита на социо-економските и работничките права на луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници и придонесува за нивно правно зајакнување.
Прекршување на социо-економски и работнички права може да се пријават и преку он-лајн алатки. Едната алатка е креирана на веб-страна на ХОПС и овозможува директен он-лајн пристап до правниот и социјалниот сервис на ХОПС, преку иконите за Вибер и Фејсбук месинџер. Другата алатка е лифлета со QR код, која ги содржи основните информации за QR кодот за поедноставно и директно пристапување кон истата и се дели на терен.