Мрежата за заштита од дискриминација ќе организира онлајн тркалезна маса со цел да се отвори дискусија со стручната јавност за предизвиците кои постојат во моментот а и продобивките кои би се добиле од препознавањето на дискриминацијата како основ за судски спор во судскиот деловник.
Линк за настанот ќе биде објавен во делот на Дискусија.
Сепак, и покрај тоа што правото да се побара заштита пред надлежен суд не е оспорено во ниту еден случај, практичарите се соочуваат со проблем – непостоење на основот „дискриминација“ во судскиот деловник како една од основите за поведување на судска посстапка пред надлежен суд.
Ваквата неусогласеност на судскиот деловник со постоечката законска рамка креира повеќе проблеми кои се однесуваат на иницирањето и водењето на постапката, но и на на пребарувањето на судска пракса на судскиот портал.
Ваквата неусогласеност на судскиот деловник со постоечката законска рамка креира повеќе проблеми кои се однесуваат на иницирањето и водењето на постапката, но и на на пребарувањето на судска пракса на судскиот портал.
Со цел да го покрене прашањето на вклучувањето на овие спорови како посебен вид на основ за судски постапки, Мрежата за заштита од дискриминација во јануари оваа година издаде документ за јавни политики – „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. На настанот ќе биде промовиран овој Документ кој содржи и предлог за измена и дополнување на Судскиот деловник заради вклучување на предметите поведени по основ заштита од дискриминација.
Барајќи од стручната јавност да се вклучи со поддршка во барањето за измена и дополнување на судскиот деловник со вклучување на заштитата од дискриминација како основ за судски спор, Мрежата за заштита од дискриминација ја организира оваа тркалезна маса.
Доколку сте заинтересирани за учество на настанот ве молиме потврдете го вашето присуство на: Маргарита Глигороска
mgligoroska@yahoo.com, 077953787 , најдоцна до 18.11.2021