Дилерите, плашејќи се од полициска акција, одлучиле дека опиоидот фентанил е премногу ризичен за продажба.
Големите снабдувачи од црните пазари на интернет на дрога започнале доброволно да го исфрлаат од продажба синтетичкиот опиоид фентанил, бидејќи било премногу опасно, соопшти Националната агенција за криминал.
Тие го исфрлиле од листата висококвалитетниот опиоид, кој што го класифицирале заедно со огнено оружје и експлозиви. Фентанилот може да биде до 100 пати посилен од хероинот и лесно може да предизвика предозирање, особено кога ќе се помеша со хероин.
Фентанилот пристигнал во Велика Британија пред околу 18 месеци, а досега се вели дека предизвикал околу 160 смртни случаеви, при што смртните случаеви предизвикани од опиоидот се зголемиле за речиси 30 проценти за разлика од минатата година, според Канцеларијата за национална статистика.
Во САД, фентанилот презел значително подлабоко држење во секторот за дроги и го заменил хероинот на многу поголеми пазари на дрога во САД, предизвикувајќи уште посмртоносна фаза на опиоидната епидемија на нацијата. Бројот на смртни случаеви од предозирање поврзани со фентанил и слични дроги се зголемил на повеќе од 29.000 годишно, од 3.000 до пред пет години. Смртните случаеви се зголемиле за повеќе од 45 проценти во 2017 година.
О’Брајан еден од лидерите во Националната агенција за криминал изјавил дека тие работеле заедно со американските агенции за спроведување на законот како би се спречило во Велика Британија да има слична епидемија на фентанил, иако бројот на луѓето зависни од опиоиди во Велика Британија во споредба со Америка покажал дека има многу помал пазар.
“Ние соработуваме со меѓународните партнери во однос на тоа како се развиваше заканата таму. Тоа е нова дрога која што се појави, оваа дрога е закана што ја сфативме многу сериозно поради тоа што се случи во САД “, рече О’Брајан.
Едни од најголемите снабдувачи на фентанил на црните пазари на интернет биле затворени минатата година меѓу кои и најпознатиот – Алфабеј – честопати опишуван како најголем подземен пазар што некогаш бил забележан – кој што бил затворен по глобалната полициска истрага.