Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје како партнер на здружението Јувентас (Црна Гора) спроведе истражување за состојбата на децата и на младите во ризик од социјално исклучување. Истражувањето е дел од регионалниот проект „Социјално зајакнување на млади во ризик“ со кој се истражува положбата на младите во ризик од социјално исклучување и степенот на нивната исклученост во државите во Западен Балкан (Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина).
За да се постигне регионално зајакнување на граѓанските здруженија кои се грижат за социјално вклучување на младите во ризик, што е главна цел на проектот, најпрво е неопходно да се испита моменталната состојба на младите во ризик во засегнатите држави.
Прва активност од проектот е утврдување на фактичката состојба на децата и на младите кои се во посебен ризик од социјално исклучување, во земјите од регионот, во следниве области: социјална и здравствена заштита, образование, вработување и безбедност.
Истражувањето има цел да ги идентификува проблемите на младите во ризик и да поттикне процес за операционализирање на можните решенија, да ја анализира нивната положба, како и сервисите за поддршка и услугите кои им се овозможени.
Резултатите од ова истражување треба да помогнат во процесот на креирање поединечни прирачници за испорака на социјални услуги за секоја од групите. Прирачниците треба да содржат минимални стандарди за испорака на социјални сервиси кои ќе бидат унифицирани за сите здруженија. Стандардите треба да кореспондираат со потребите на групите. – 6 – 2.
Истражувањето Децата и младите во ризик во Република Македонија прочитајте го ТУКА!