Денес не посети Дедо Мраз, во просториите на Дневниот центар кoj го води здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Дедо Мраз дојде со поклоните од Телеком и ги израдува дечињата, чии родители се или биле корисници на дрога, а притоа го посетуваат дневниот центар, каде на најкреативен начин го поминуваат времето. Дечињата кои го посетуваат центарот, беа израдувани со 40 новогодишни пакетчиња и прекрасни пораки од Дедо Мраз. По дружбата со гостите дечињата продолжија со креативната работилница каде беа изработени честитки посветени до донаторите со топли желби за Новата година.