На 24 септември 2022 г. (сабота) се организира петтиот Фестивал на Цивика мобилитас. Дојдете и поминете го денот со околу 100 граѓански организации во паркот пред Дом на АРМ, зад музејот „Мајка Тереза“ меѓу кои и ХОПС.
Годинава, Фестивалот го организираат во соработка со Центарот за социјални претпријатија. Заедно, апелираме за „Враќање на граѓанскиот простор“. Заедно ќе го исчистиме и уредиме просторот, ќе разговараме, ќе дебатираме, ќе учиме едни од други, ќе се забавуваме и ќе се дружиме. Заедно, ќе им го поклониме просторот на граѓаните за да продолжат во него да разговараат, дебатираат, разменуваат искуства и идеи затоа што тие заслужуваат чист, уреден и убав простор.
Дојдете во сабота на „Ден на граѓанските организации и социјалните претпријатија“. Слушнете и видете што направиле граѓанските организации, за што се залагаат, што промениле до сега, а за што им е потребна ваша помош. Можеби ќе ве инспирираат и ќе ве мотивираат да бидете дел од граѓанскиот активизам. Можеби ќе сретнете луѓе со слични каузи како вашите, можеби така некои од проблемите ќе стигнат до решенија.
Не се потребни влезници, само добра намера и отворен ум.