Во сабота во Градскиот парк во Скопје, Цивика мобилитас го организира Денот на граѓанските организации.
На Школка и околу неа ќе се претстават 84 организации од различни области. Посетителите се повикани да се придружат на нивните активности со цел да станат поактивни граѓани заедницата.
„Придонесете кон мноштвото донаторски активности за храна и облека, учествувајте во квизови и добијте награди, садете за почиста животна средина, придружете им се на ракотворците на нивните работилници, слушнете повеќе за решенијата кон локалните и националните проблеми, дознајте како да се приклучите“, стои во поканата за настанот.
Денот на граѓанските организации ќе започне во 10 часот, а ќе трае до 16 часот.