Делегацијата на невладините организации од земјите во развој, каде присуствуваше и нашиот директор Христијан Јанкулоски, одржа состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија на 15 и 16 мај 2019 година во Женева, Швајцарија. Делегацијата се залага човековите права и родот да бидат вградени во работата на Фондот, осигурувајќи дека инвестициите се распределуваат таму каде што се најпотребни и можат да имаат најголемо влијание врз целите и надзор над програмирањето.
Вклучување на човековите права и родот за да се постигне Стратегиска цел 3
Признаено е дека промовирањето и заштитата на човековите права е од суштинско значење за да може земјите да ги контролираат нивните епидемии, да ги зголемат каде што е потребно и да ги одржат своите придобивки и дека бариерите за спроведување на човековите права, стигмата и дискриминацијата, поткопуваат ефективен одговор на трите болести, како што е наведено во Стратегијата на Глобалниот фонд за 2017-2022. [1]
Доделување на инвестиции каде што се најпотребни
Одлуките донесени на 41-от состанок на Одборот за методологија за распределба и каталитички инвестиции за 2020-2022 година, се двата најважни фактори за остварување на своите цели на Фондот.
Додека оваа делегација цени колку моделот на распределба на Глобалниот фонд созрева, нагласено е дека со оглед на важноста на методологијата за распределба, како би се осигурале дека инвестициите на Фондот ќе ги исполнат целите на нивната Стратегија, тие мора да бидат сигурни дека методологијата обезбедува средства каде што се најпотребни.
Во врска со поделбата на болестите, тие побарале за следната Методологија за распределба, да се зголеми алокацијата за ТБ, врз основа на темелна анализа на товарот на болеста и тековното финансирање што е достапно за ТБ во глобални рамки.
Работата со клучните популации, адолесцентните девојки и младите жени, интервенциите за намалување на штети од употреба на дрога и човековите права ќе бидат приоритет за Фондот и треба да привлечат повеќе, а не помалку финансии.
Во престоечкиот период тие ќе соработуваат со Комитетот за стратегија, како би ги вклучиле нивните препораки за квалитативните прилагодувања кои ќе бидат вклучени во дискусиите на состанокот на 10-тиот стратегиски комитет во јули 2019 година
Претставување на граѓанското општество во Глобалниот фонд
Делегацијата ја нагласила нивната загриженоста во врска со одржливоста на програмите за намалување на штети. Ова прашање било поставено до делегацијата во писмото од Интернационалната организација за намалување на штети од употреба на дроги и голем број организации на граѓанското општество, во врска со активностите за недоволно намалување на штети од употреба на дроги на глобално ниво, а особено во Руската Федерација.
Исто така, било покренато барањето на граѓанското општество во Руската Федерација дека Глобалниот фонд ќе обезбеди Русија да добие алокација за ХИВ во 2019 година, за директно финансирање на мерките за одговор на ХИВ, кои ги преземаат невладините организации и организациите на граѓанското општество во наредните три години, во согласност со Политиката за подобност на Глобалниот фонд.
Промена во раководството на делегацијата
Д-р Андриј Клепиков и д-р Каролин Гомес се новите членови на Управниот одбор и заменик член на одборот. Андриј е основачки извршен директор на Алијансата за јавно здравје, една од најголемите невладини организации за ХИВ и ТБ во Украина и Источна Европа, која исто така управува со една од најголемите програми за намалување на штети од употреби на дроги на глобално ниво во партнерство со невладините организации на ниво на 200 000 луѓе кои инјектираат дрога годишно.
“Имам чест да ја предводам делегацијата на невладините организации на земјите во развој, која има наследство да биде моќен глас на одборот. Во времето на приближување кон глобалните замислени рамки за 2020 година ќе бидеме насочени кон зајакнување на улогата на граѓанското општество и приоритет на човековите права и родовата рамноправност, надзор и финансиска ефикасност во Глобалниот фонд “, -Андриј.
Д-р Каролин Гомес има работено во областа на човековите права и здравје повеќе од три децении, со фокус на правата на клучните популации и има истакнат рекорд како застапник за човекови права, вклучувајќи го и добивањето на наградата за човекови права на Обединетите нации во 2008 година.
“Тоа е критично време за Глобалниот фонд – ние не можеме да продолжиме со бизнисот, како и обично ако сакаме да ставиме крај на трите епидемии. Нашата делегација ќе продолжи да работи неуморно за да го води овој пример и да продолжи да ја гради нашата цврста основа како ефективна делегација во одборот на Глобалниот фонд “, – Каролин.