Специјалниот известувач на ОН, Дајниус Пурас со писмо за репресивните наркотични контроли. Тој смета дека употреба на дрога треба да се декриминализира како и поседувањето на дроги да не биде казнувано со долги затворски казни.
Во отвореното писмо (PDF), Дајниус ги критикува владите затоа што се фокусираат на репресивната контрола на дрогата, каде не успеваат да ги исполнат своите обврски за остварување на правата на граѓаните за добро здравје. Политиките за контрола на дрогата, вклучително и казнените мерки врз корисниците на дрога и дилери, ги демоитивира голем број луѓе да се обратат за здравствени услуги, а се’ тоа води кон епидемични нивоа на насилство.
“Во коренот на многу здравствени проблеми со кои се соочуваат луѓето кои користат дроги е самата криминализација, која ги зголемува недостатоците и придонесува за негативна јавно и индивидуално здравје. Како чекор напред за остварувањето на правото на здравје, употребата на дрога и поседување треба да биде декриминализирана и де-казнивo заедно со зголемени инвестиции во третмани, едукација и други интервенции”. – Пурас
Писмото кое датира од 7 декември, е упатено до извршниот директор на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, Јуриј Федотов. Писмото исто така беше споменато пред делегатите на презакажаната 58-та седница на Комисијата за наркотични дроги, која почна во средата наутро во Виена. Комисијата во моментов разговара за нацрт-документ и исходот од истиот кој ќе се разгледува на специјална седница на Генералното собрание на ОН за проблемот со дрогата во април 2016 година, каде министрите и шефовите на владите од сите земји членки ќе дебатираат за меѓународните политики за дроги за прв пат по 1998 година.
Во законот за дроги не се очекуваат радикални промени. Но либералните ставови за дрогите стануваат се повеќе широко распространети низ целиот свет, вклучувајќи и САД.
Пурас тврди дека сегашната рамка за контрола на дрогата е главна пречка за олеснување на правото на здравје и благосостојба. Тој ја осудува и употребата на смртната казна за дела повразни со дрога.
“Репресивните одговори поврзани со употребата на дрога, одгледувањето во руралните области, ненасилните дела поврзани со дрога, креираат непотребни бариери за целосна и ефикасна реализација на правото на здравје, со особено разурнувачки ефект врз малцинствата, оние кои живеат во услови на рурална и урбана сиромаштија и лицата кои употребуваат дроги” , вели тој. Употребата на дрога може да доведе до голем број на здравствени проблеми, вклучувајќи и ширење на болести кои се пренесуваат преку крвеен пат, Пурас повикува на подобар пристап до опијати за третман на болка, програми за намалување на штети како размена на игли, вклучувајќи ги тие програми и во затворите, третман на зависници од дрога базиран на докази.
“Обезбедувањето на намалување на штети не треба да се гледа само како политичка опција за државите, наместо тоа, обезбедувањето на овие програми за лицата кои употребуваат дроги имаат законска обврска, како дел од обврската на државата за постепено остварување на правото на здравје”. – Пурас
Стив Ролес, висок политички аналитичар во фондацијата „Трансформирајте ги политиките за дрога“, вели дека писмото е предизвик за многу земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, чии закони за дрога беа во конфликт со човековите права на ОН. „Велика Британија уште има казнен пристап, сеуште се криминализираат луѓето кои користат дроги. Владата на Велика Британија го крши на правото на здравје на многу милиони луѓе во оваа земја. Ова е многу сериозен предизвик и тие ќе треба да одговорат на ова” – Стив Ролес.
Извор: http://www.theguardian.com/