Кампањата #Декриминализирај е иницијатива на Safer Drug Policies и неколку други норвешки организации кои ја поддржуваат тековната реформа за декриминализација во Норвешка, каде на сите корисници на дрога ќе им биде понуденo помош и лекување, а не кривично обвинување.
Кампањата раскажува осум приказни за тоа како криминализацијата им штети на корисниците на дрога, сите засновани врз вистински настани.
Фотографиите се на уметникот Пернил Сандберг и дизајн на Алекмист.