TalkingDrugs, е онлајн платформа посветена на обезбедување уникатни вести и анализи за политика за дроги, намалување на штети и сродни теми низ целиот свет. Платформата објави интерактивна мапа која дава преглед на моделите за декриминализација. Мапата нуди увид во законите за декриминализација, нивна имплементација и влијание.
Низ целиот светот се почесто поседувањето на дроги за лична употреба е декриминализирано. Декриминализацијата се однесува на отстранување на казните, за активности поврзани со употреба на дрога. Во некои правни системи, кривичните казни се заменуваат со граѓански санкции. Во други системи не се применуваат казни.
Една форма на декриминализација е донесена во 30 земји, со значителни разлики и нивоа на ефективност. Оваа интерактивна мапа дава преглед на овие модели, нудејќи увид во законите за декриминализација, нивната примена и влијанието.
Мапата е изработена во партнерство со Release, International Drug Policy Consortium и Accountability International како и со финансиската поддршка на Фондот Роберт Кар и Фондациите на отворено општество. Оваа карта ќе се ажурира редовно.
За да ја видите мапата и сите податоци што ги содржи, следете го овој линк.