Лидерот на Советот на Манчестер, Сер Ричард Лиез, повикал на декриминализација на дрогата, бидејќи предупредил дека апсењето на дилерите на спајс (Spice – синтетички канабис) нема “никакво влијание” врз продажбата на супстанците.
Во говорот на најновиот состанок на регионот, Лиез тој изјавил дека Британија нема да ја победи состојбата со дрогите преку системот на кривичната правда, туку преку воведување на соодветен третман.
Големиот Манчестер ја потпишал својата нова стратегија за дрога и алкохол, со цел да ги намали особено високите стапки на смрт и зависности во регионот.
Сер Ричард го истакнал спајсот како специфична причина за криза во градот, тврдејќи дека иако тоа било проблем пред да биде забранет пред три години, од тогаш ситуацијата била многу полоша.
“Имавме проблеми со зависноста од спајс, но она што не го имавме беа десетици луѓе кои стоеја како зомби на улиците во средината на нашиот град”, рекол тој.
Криминализацијата го направило снабдувањето “помалку предвидливо”, додаде тој, “за луѓето што купуваат спајс можат да имаат нешто што нема никаков ефект, бидејќи станува збор за лажна дрога, до нешто што е толку силно и поинтензивно – или може да биде сосема различна дрога “.
“Исто така тоа допринело и до појава на организиран криминал, па наместо да се продаваат легално во продавници, на начини кои се контролирани, за кои што знаеме што е на продажба, сега се продава незаконски на улица преку организиран криминал на начин што е целосно нерегулиран “.
“Ако ги погледнете стапките на апсење околу трговијата, производството на оваа дрога има огромна стапка на успех што нема никакво влијание во однос на продажбата на спајс, бидејќи секој пат кога еден дилер е уапсен од улица, друг се појавува на негово место.
Манчестер претрпел посебно сериозна ескалација на проблемот со уличните дроги во последниве години, вклучувајќи го и хероинот, делумно како резултат на зголемувањето на видливото бездомништво и појавата на спајс како евтина и многу зависна супстанца што ја користат многу луѓе.
Полицијата ги зголемила своите активности како решение на овој проблем, но Сер Ричард на крајот изјавил дека тоа никогаш нема да биде решение за овој пробелм.
“Не зборувам за легализација; слободно достапна дрога. Зборувам за декриминализација. Зборувам за регулирање”.