Влатко Деков учестуваше во дебата на „360 Степени“, за законската иницијатива за легализација на канабисот.
Тој зборуваше и за теренското истражување на ХОПС, за традиционалната употреба на коноп во Македонија.
– Добивме некои многу интересни податоци. Конопот кај нас се употребува долги години, за најразлични цели. Сите знаеме за употреба во индустријата, за производство на одредени текстил, коноп, јажиња, облека и слично, меѓутоа најдовме информации дека во одредени делови на Македонија се користел и за храна и за уживање. Таков е примерот во струмичкото село Добрејци, кадешто најголемиот дел од жителите не се противат на употребата на канабис за задоволство, односно за уживање – Деков.
Деков кажа дека треба да се понуди соодветен модел на регулација, бидејќи и со декриминализацијата на поседувањето марихуана, сепак купувањето е кривично дело.
Целата емисија можете да ја погледнете на овој линк.