# DEC17 е слајдшоу на кој се појавуваат сексуални работници кои протестираат од целиот свет уште од 1970-тите. Инспирирани од текстовите на Queen’s “We Are the Champions,” и резонанцијата на тие зборови со животите на многу сексуални работници, видеото е креирано од Асоцијацијата на солидарност на работниците на „Triple-X“ на Британска Колумбија во 2017 година за да го одбележат Меѓународниот ден за прекинување на насилството Против сексуалните работници – 17 декември.
Денот против наслиство врз сексуалните работници за прв пат е признат во 2003 година како спомен и бдение за жртвите на убиецот на зелената река во Сиетл Вашингтон. Од 2003 година, Ден за прекин на насилството врз сексуалните работници овозможи на луѓето од градовите ширум светот да се соберат и да се организираат против дискриминација и да се сеќаваат на жртвите на насилство.
Во текот на неделата на 17 декември, сексуалните работнички заедници и организациите за социјална правда организираа активности и дејства за подигање на свеста за насилството кое најчесто се извршува врз сексуалните работници. Нападот, силувањето и убиството на сексуалните работници мора да заврши. Расизмот, економската нееднаквост, системите на колонијалистичко и државно насилство и угнетување мора да завршат. Стигмата и дискриминацијата и криминализацијата што го прават насилството мора да завршат. Пораката низ светот оваа година е секој ден да се придружат луѓето во борбата со сексуалните работници ширум светот и да застанат против криминализација и насилство извршено врз овие заедници.