Лековите не можeлe да го отстранат вирусот од телото, но медицинското списание „Сел метаболизам” објавиле наоди дека научниците нашле начин да ги елиминираат инфицираните клетки на резервоарот.
Во соопштението кое било објавено на ЕурекаАлерт, портпаролот на институтот Пастер изјавил: „Антиретровиралниот третман што се користи денес е дизајниран да ја блокира ХИВ инфекцијата, но не може да го отстрани вирусот од телото”.
„Вирусот останува во резервоарите – ЦД4 Т лимфоцитните имуни клетки, главните цели на ХИВ.”
Таргетот на ХИВ биле клетки со висока метаболичка активност и ја користи нивната енергија со цел да би се размножил.
Во истражувањето подоцна се вели: „Благодарение на инхибиторите за метаболичка активност, истражувачите успеале да ги уништат овие инфицирани клетки, или” резервоари .
Се заклучило дека тоа ја отворило можноста за нови патишта кон ремисија со елиминирање на „резервоарните” клетки.
Следниот чекор во истражувањето ќе бил оценување на потенцијалот на инхибиторите на метаболички инхибитори ин виво – тестирани на живи организми.
Теоретски, ако вирусното оптоварување било доволно ниско, уништувањето на клетката на ХИВ, која се криела и ја црпела енергијата, би можела да го спречи ширењето во телото и можеби и целосно да ја искорени.
Студијата била финансирана од Институтот Пастеур, Амфар (Американска фондација за истражување на СИДА) и Сидакција.