Милош Стојановиќ е претставник на Програмската канцеларија на Обединетите нации за дроги и криминал – UNODC во Србија и регионален советник за развој на програми за намалување на побарувачката на дрога.
Во ова интервју Милош Стојановиќ и Галеб Никачевиќ разговараат за проблемите со психоактивните супстанции во Србија, шверцот и дистрибуција на дрогите, навиките на младите лица, ранливите групи, како и програмите за превенција, односно ресоцијализација, како и правната рамка во која можат да работат програмите за намалување на штети.
Стојановиќ: “Во Србија кога сте фатени со канабис или хероин проблемот е еднаков, кривичното право во Србија е прилично строго и отсекогаш било. Психоактивните супстанции се класифицирани и се во согласност со меѓународните конвенции. Постојат класи од еден до три. Не постои одредена минимална количина на одредена супстанца што можете да ја имате и таа да е дефинирана како супстанца за лична употреба. Но, законот и практиката не се исти и има случаеви кога судиите го признаваат тоа“.
Целиот подкаст може да го изгледате ОВДЕ.