Харт она што го говори во последно време е дека научниците треба да истражат како социо – економските фактори влијаат на употребата на дрога и фокусот да не биде само на зависноста како болест. Шефовите на полиција, политичари и парламентарците јавно изјавуваат дека зависноста е болест. Како и другите области на науката и медицината, од климатските промени до вакцини и зависноста стана област и дел од политиката.
Во еден неодамнешен напис за природата, д-р Карл Харт првиот афро-американски професор на науки на Универзитетот во Колумбија, тврдеше дека дефинирањето на зависноста како болест доведува до зајакнување на штетните политики кои се непропорционални и дека ги криминализираат малцинствата и сиромашните.
Харт ги наведува како пример политиките за крек и прашкаст кокаин. Тој вели дека многу од законите за крек/кокаин се неприфатливи заради тоа што тие ги претставуваат штетните ефекти од крекот и се присилени да се спроведуваат на расно дикриминирачки начин. Неколку критичари ја истражија улогата на научната заедница во потпомагање на претпоставките на овие закони. Меѓу средината на 80-те и почетокот на 90-те, крекот бил ( и веројатно се’ уште е ) симбол на урбаното распаѓање. Расните стравови поврзани со крекот, преточени во законот за Злоупотреба на дрога донесен на Конгресот во 1986, со кои се казнуваат оние кои се фатени со крек, се казнети 100 пати посурово отколку оние кои што се фатени со кокаин. И крекот и кокаинот се исти по нивниот хемиски состав, единствената разлика е тоа што се користат од различни класи на луѓе. Погодете кои луѓе користат крек, а кои кокаин?- Харт.
“ Ако вистинскиот проблем со зависноста од дроги, е интеракцијата помеѓу самата дрога и мозокот на поединецот, тогаш решението на овој проблем лежи во еден од двата пристапи. Или отстранување на дрогата од општеството преку политики и спроведување на законот ( на пример, општества со легализирани дроги ) или да се фокусира исклучивo на зависноста на поединецот како проблем. – Харт
Проблемот со овие опции за Харт, е тоа што се игнорираат социјалните детерминанти на зависноста, како вработување или социоекономскиот статус. Грубо кажано, 10% од луѓето кои што пробале дрога станале зависни од истата, и меѓу нив може да се забележи висока преваленца на депресија, трауми и други проблеми како што се сиромаштија и преконтролирани населби.
Како невролог Харт сака да види повеќе финансии за истражувања наменети за социјални интервенции кои што гледаат на проблемот на зависност надвор од мозокот на едно лице. Хартовите погледи кон дрогата и општеството потекнуваат од неговото растење во едно сиромашно и претежно црнечко маало во Мајами. Веднаш по служењето војска, Харт бил во можност да го продолжи своето образование.
“ Секој пат кога ќе погледнам во лицето на моите деца или кога одам на местата од мојата младост, јас сум присилен да се соочам со убивања кои што се резултат на расна дискриминација, која што е неконтролирано применета во законите за дрога и се потпомогнати од аргументите кои што се со сиромашна научна позаадина.“- Харт.
Харт, малцински научник со малцински погледи, смета неговите колеги научници треба да се изучуваат самите себеси. Овде можете да видите едно од видеата на Харт кој говори на ТЕД конференциите.
Извор: www.thefix.com