Јавните здравствени работници во Ливерпул се плашат од порастот на применување на “Chemsex” на забавите и ширењето на сексуално преносливите инфекции. Постои зголемена загриженост во врска со зголемувањето на популарноста на т.н. Chemsex, каде што луѓето конзумираат психоактивни дроги и се вклучуваат во групен секс, обично на куќни забави или клубови.
Практиката обично вклучува секс додека се користат метамфетамин, кристал мет, ГХБ или течни екстази, мефедрон или мјау мјау (meow meow).
Локалните експерти за јавно здравје велат учесниците во такви “продолжени секс сесии” во групи се повеќе изложени на ризик да имаат незаштитен груб секс, поголема можност за споделување на игли и добивање на сексуално преносливи инфекции и ХИВ.
Одредени бројки покажуваат и зголемени случаи на гонореја, зголемување за една третина од минатата година на локално ниво. Симптомите на честата инфекција вклучува густ зелен или жолт исцедок од вагината или пенисот, болка при мокрењето и крварење помеѓу менструални циклуси кај жените. Тоа може лесно да се дијагностицира при клинките за сексуално здравје. Симптомите обично исчезнуваат за неколку дена со помош на антибиотици и инјекции. Нетретирана гонореја доведува до неплодност.
Практиката на “Chemsex“ води кон повисоки нивоа на сексуално преносливи болести. Здраствените работници, предупредуваат дека потребите на пациентите за сексуалното здравје стануваат се повеќе комплексни, дека антибиотската резистенција е во пораст и буџетските притисоци стануваат огромни предизвици за обезбедување на услуги.
Јавното здравство на Ливерпул и партнерите во Ројал Ливерпул и болницата Broadgreen Trust како и заедницата за здравје и универзитетот Џон Мурс преземаат истрага за големината на проблемот во Ливерпул.