Клиничките испитувања во текот на годините покажаа дека ХИВ-позитивните лица на антиретровирусна терапија (АРТ) со невидливо вирусно оптоварување не можат сексуално да го пренесат вирусот на ХИВ-негативно лице. Овој важен резултат беше објавен во јули на Деветтата меѓународна конференција за сида и сега е официјална политика на Центрите за контрола на болести и превенција (CDC).
Стотици медицински професионалци и организации се посветени на истражувања поврзани со невидлив = нетрансмитабилен (U = U) залог. Прифаќањето на ова од страна CDC е фантастичен чекор напред и ќе помогне во предизвикувањето на стигмата за ХИВ-позитивните луѓе, со која истите се соочуваат денес.
Во три различни студии, вклучително и илјадници двојки и многу илјадници акти на секс без кондом или профилакса од пред-изложеност (PrEP), не беа забележани ХИВ-преноси на ХИВ-негативниот партнер кога ХИВ-позитивното лице беше потиснато. Ова значи дека луѓето кои секојдневно земаат АРТ и секојдневно го постигнуваат и одржуваат невидливото вирусно оптоварување, немаат ризик од сексуално пренесување на вирусот на ХИВ-негативен партнер. CDC изјави дека сепак институциите и незнаењето сé уште ги спречуваат луѓето да добијат грижа и третман кој им е потребен. Тие забележаа пречки со кои многумина мора да се соочат за да добијат пристап до АРТ, како причина: несоодветни здравствени системи, сиромаштија, расизам, хомофобија, бифобија, трансфобија и криминализација.
АРТ се ослободува од било кој активен реплицирачки ХИВ, но можно е ХИВ да биде латентен и скриен. Затоа АРТ е континуиран третман, а не еднократен. Неодамнешните откритија сугерираат начин целосно да го искоренат вирусот, но сѐ уште е многу рано.
Сега повеќе од кога било важно е да се запамети дека ХИВ е болест која се контролира. Поголемиот дел од борбата со ХИВ позитивните лица доаѓа од тоа што се стигматизирани поради заблудите на другите луѓе. Важно е да да си инфромиран и да го поддржиш истражувањето и да се бориш против незнаењето што нé опкружуван за ХИВ. Сé повеќе и повеќе јавни тела ја признаваат и поддржуваат пораката U = U (#uequalsu on social media), давајќи му поголем кредибилитет. Наука не стигма!
Извор: http://www.iflscience.com