Будимпештанската група е неформална мрежа на европски здруженија на граѓани вклучувајќи го и ХОПС, креирана во јули 2015 година, од организации кои работат во областа на реформите во политиките за дрога.
По формирањето на оваа група е доставена изјава до владата на Холандија, која претседава со Советот на Европската унија (ЕУ). До нив е испратена изјава во која се потенцирани принципите и препораките за ангажманот на ЕУ на претстојната Специјална сесија на Генералното собрание на Обединетите нации за проблемите во светот поврзани со дрогата и политиките за дрога, кој ќе се одржува во Њујорк во април.
Принципи кои се сметаат за фундаментални од страна на групата и потпишувачите во врска со пристапот кон правата вклучуваат: политики на дроги врз основа на принципите за намалување на штети – прагматизам, достоинство, пристап до јавното здравство и човековите права; реформа на меѓународните конвенции кои ги опфаќаат стратегиите за контрола на дрога, кои не се покажаа успешни во “заштита на здравјето и благосостојбата на човештвото;” промена на фокусот од репресивните мерки кон здраството, превенцијата и едукацијата.
„Приоритет на пораката на Будимпешта група е да се истакне дека граѓанските здруженија треба да имаат централна улога во дискусиите на УНГАСС. И да се нагласи дека политиките за дрога влијаат диспропорционално на маргинализираните групи, вклучувајќи жени, млади, етничките малцинства и култиватори на дрога каде сите тие треба да се вклучени во дискусиите за креирањето, евалуација и следење на политиките за дрога ” – Јулија Букстон.
Урсула Санчез потенцира на тоа дека војната против дрогата во Мексико однела многу животи, без да се реши проблемот со трговијата со дрога. Затоа повикува за промена на сегашните меѓународни политики за дрога и вклучување на што поголем број креатори на политики.
Можете да ја прочитате и да ја преземете целосната изјава овде.