Лидерот на екстремната десница, Јаир Болсаонаро, победил на претседателските избори во Бразил и ветил дека ќе спроведе исклучително репресивни политики за дрога.
На 28 октомври оваа година, Болсанаро победил на изборите со 55 проценти од гласовите. Неговата кандидатура се здобила со значителна критика откако Болсанаро упатил навредливи коментари кон жените, луѓе од црната раса, домородните заедници и геј луѓето. Сепак, тој и покрај тоа постигна убедлива победа и ќе биде инаугуриран за претседател во јануари 2019 година.
Покрај неговите екстремни пристапи за политиката, Болсаонаро вети интензивно, воено остри мерки против прекршоците за употреба на дрога.
Како што објавил TalkingDrugs, Болсонаро изјавил дека полицијата треба да убива луѓе осомничени – не осудени – на трговија со дрога. Потегот што потсетува на војната со дрога која ја спроведува претседателот Родриго Дутерте на Филипините, каде што повеќе од 12.000 луѓе беа убиени – без судење – поради наводна вмешаност во дрога од јули 2016 година. Болсаонаро го поддржа овој суров пристап на Дутерте, откако изјави дека убиствениот филипински лидер „направи вистинска работа за неговата земја”.
Болсонаро, исто така, детално објаснил како ќе ја зголеми вклученоста на бразилската војска во спроведување на законот за дроги, вклучувајќи го и таргетирањето на децата. Тој изјавил дека „би било добро војската да биде присутна и во училиштата, бидејќи на улиците, дури и во училиштата, бандитите продаваат дрога и конзумираат канабис слободно”.
Навистина, Болсанаро цврсто стои на тоа дека е против реформата на законот за канабис. Тој предупреди дека легализацијата на дрогата – што се случи во соседниот Уругвај – „ќе биде од корист” на трговците со луѓе, силувачите и заложниците, но не ги наведе доказите за неговите тврдења.
Тој во бизарното интервју со Ел Паис исто така, тврдел дека употребата на дрога е тоа што ги тера луѓето да станат геј, интервју кое што резултирало со Болсанаро да упати навредливи зборови кон новинарот дека е хомосексуалец.
Болсонаро ја поврзува нелегалната употреба на дрога со либералните влади, објавувајќи дека „употребата на дрога е истакната во земјите под либерални администрации, како Хондурас, Никарагва, Ел Салвадор, Мексико и Венецуела”. Сепак, како што пишува Амаури Гонзо од VICE News, „вреди да се напомене дека Хондурас е државауправувана од десничарска партија од 2010 година, а актуелниот претседател на Мексико, Енрике Пена Нито, е член на централната десничарска партија Институционална револуционерна партија” .
Многу од политиките и идеите за дрога на Јаир Болсанаро се нејасни поими, наместо конкретни планови за политики, па не е јасно до кој степен пристапот на земјата кон дрогата ќе се промени по неговата инаугурација во јануари.