Нашиот настан “Која пудра најдобро покрива модрици“ на кој собиравме средства за правна поддршка на нашите кориснички на услуги, конкретно за заштита од насилство се одржа минатата сабота.
Игравме фудбал, вежбавме јога, цртавме со дечињата, се забавувавме со ДЈ Флоодер, ги носевме дизајнираните брошеви на Верица Пиперевска, разговаравме со нашите Деспина и Елеонора за кругот на насилството, Симона Манчева ја промовираше книгата „Индукција на права“, нашата гостинка Клер Мекфарлен, говореше за нејзината борба како жртва на сексуално насилство.
Би сакале уште еднаш да се заблагодариме на ФООМ , Мондано Спорт и Бекјард за нивната поддршка за организирање на настанот и на сите оние кои нѐ поддржаа со своите донации, ваучери, време и присуство.
Сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на нашите сексуални работнички и кориснички на дроги, кои се или биле жртви на насилство.
Можете да погледенете дел од фотографиите на Ванчо Џамбаски на овој линк.
Заедно можеме!