Третманот на хепатит Ц инфекцијата е јавно здравствен проблем. Третманот на хепатит Ц инфекцијата е и човеково право.
Република Македонија повеќе години има искуство во третманот на оваа инфекција со моно, а сега и со двојна терапија. Иако таа е возможна, сепак, сè уште е ограничен пристапот за сите оние на кои им е потребна.
До 2012 година, само Фондот за здравствено осигурување преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Клиниката за гастроентерохепатологија и некои инфективни одделенија при општите болници обезбедува средства за третманот за хепатит Ц.
Од 2012 година, па до крајот на 2016 година, трошоците за лекување на оваа инфекција кај 47 корисници на дроги ги поддржува и Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.
Дали е ова доволно?
ХОПС организираше конференција со присуство на засегнати страни на тема „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дрога во РМ – добри практики и предизвици “ со цел подигнување на свесноста за потребата од широко достапен третман на оние на кои им е потребен и придобивките од инвестирањето во овој третман. Билтенот од конференцијата може да го преземетеТУКА.