„Безбедното инјектирање не му нанесува штета на примателот, не го изложува на ризик оној што го врши инјектирањето и не создава отпад и опасност за заедницата.“ – Светска здравствена организација
Ако веќе мораш да инјектираш дрога послушај ги следниве совети:
- Немој никогаш да инјектираш дроги кога си сам/сама. Потруди се во твоја близина да има некој кој ќе може да ти помогне ако се случи нешто несакано.
- Најди сигурно место каде што нема никој да те вознемирува околу 20-30 минути.
- Потруди се рацете да ти бидат чисти.
- Секогаш имај на располагање нова опрема за инјектирање и повеќе игли. Никогаш, никогаш немој да користиш игла, шприц, кукер, вата, што некој друг ги користел, колку и да сте блиски.
- Секогаш подготвувај помала количина за инјектирање, бидејќи не го знаеш квалитетот на дрогата.
- Гледај да користиш помала количина на лимонтус при припрема на хероин.
- Одбери ново место за инјектирање т.е. секој нареден убод да биде на друго место и во нова вена. Често боцкање во иста вена прави поголема штета.
- Боцкај исклучиво во површински вени на рацете и на нозете. Избегнувај ги дланките, стапалата и длабинските вени.
- Стегни го местото над вената, дезинфицирај го местото кај што планираш да боцнеш поминувајќи само еднаш со памук натопен во алкохол или со алкохолно марамче.
- Секогаш боцкај во правец на срцето и под агол.
- Ако има темна крв на влезот од шприцот значи дека иглата е во вената.
- Извади го стегачот и инјектирај пополека. Така ќе избегнеш да се предозираш.
- Ако се појави оток, печење и/или болка постои можност иглата да не е повеќе во вената. Веднаш извади ја и повеќе не боцкај на истото место.
- После инјектирање со чисто марамче покриј го местото на кое продрела иглата околу 5 минути за да спречиш крварење.
- За нов обид одбери ново место за инјектирање т.е. секој нареден убод треба да биде во друга вена и повтори го секој чекор од погореопишаната постапка.
- Расчисти го просторот околу тебе. Никогаш не расфрлај игли и шприцови и друга опрема во околината.
- Употребената опрема донеси ја во центарот за размена на опрема, за да биде правилно уништена.
Доколку лицето кое инјектирало е во безсознание, отежнато или не дише, повраќа, има грчеви, бледо е или модро на усните постои можност да е предозирано. Намести го во recovery position односно во странична положба на телото и повикај брза помош. Остани со него додека да пристигне медицинската екипа.