Почнувајќи од пред 3 години, Србија престана да биде прифатлива за финансирање од страна на Глобалниот фонд, како земја деклалирана со среден приход а тоа резултираше со затворање на програмите за намалување на штети во земјата.
НВО Регенерација снимаа филм “Без промена” кој дава увид за очајна ситуација со кои се соочуваат лицата кои инјектираат дрога во Србија, а исто така ги истражува последиците од затворањето на програмите за размена на игли во Белград, додека се обидува да се процени моменталната ситуација во земјата!
Како држава Србија е на раскрсницата на неколку правци за шверц на хероин. Таа има значителна бројка на население корисници на интравенозни дроги – 20.000 според официјалните проценки. Благодарение на грантовите од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, во текот на првата деценија на овој век биле воведени неколку услуги за намалување на штети. Околу две илјади луѓе се запишале во програмите за опијатна супстициона терапија, а четири програми за размена на игли обезбедиле стерилна опрема за инјектирање на дрога корисници. Преваленцата на ХИВ кај корисниците на дрога била ниска, иако пристапот до услуги за намалување на штетите бил далеку од адекватни- најдобар показател за ризикот е високата преваленца на инфекции со хепатит Ц.
Последниот грант од Глобалниот фонд за Србија заврши во јуни 2014 година. Владата не презела обврска да продолжи со финансирањето на програмите, и нема други меѓународни донатори достапни за да влезат и да го покријат недостатокот на финансирање за намалување на штети. Ова резултира со затворање на сите програми за намалување на штети и прибор за инјектирање, освен една, која ја спроведува Здружението Превент, во Нови Сад. Три години подоцна иако владата се менува програмите сè уште не се во фокусот кога станува збор за националното финансирање!
Претставниците на земјите од Југоисточна Европа и Србија како една од нив, го сочинуваат Регионалниот координативен механизам за Југоисточна Европа (РКМ). РКМ се состана во Скопје во мај оваа година. Целта на состанокот беше да се одредат клучните активности и засегнати страни кои ќе имплементираат мулти грант достапен од Глобалниот фонд, како и можностите за РКМ да го развие својот предлог до крајот на 2017 година.
РКМ би сакале да развијат заедничко разбирање за обемот и ограничувањата на мулти-државните грантови на Глобалниот фонд, како тие се однесуваат на земјите од Југоисточна Европа, и како да се постигне консензус за развивање на дизајнот на проектот за потенцијалниот грант на повеќе земји од Глобалниот фонд.
Што значи тоа за Србија во овој момент и што ќе значи за иднината на програмите за игла и шприц во земјата сеуште е непознато. За да дознаете повеќе, погледнете го филмот “Без промена” продуциран од НВО Регенерација, истражување на мислењата на различни засегнати страни на оваа тема.
Ирена Молнар, НВО Регенерација
Извор: http://drogriporter.hu